Куршуми над Бродвеј

Уметноста бара жртви – но кој прв ќе падне, гангстерот или уметникот? Кога мафијата финансира уметност, ни вистината нема чисто досие.

По сценариото на Вуди Ален и Даглас Мекграт
Режисер:
Ненад Витанов
Повеќе детали

За претставата

Оваа приказна за моралните и реалните „убиства“ зад сцената е драматуршка обработка и адаптација на Ненад Витанов на филмот „Куршуми над Бродвеј“, напишан од генијалниот Вуди Ален и Даглас Мекграт. Филмот беше номиниран во седум категории за наградата „Оскар“, меѓу кои и за најдобро сценарио.

Огромниот успех на филмот во киносалите беше инспиративен за создавање и неколку адаптации за театар, од кои некои дури ја надминаа популарноста на оригиналното дело. Карактеристично за делата на Вуди Ален е тоа што преку забава ја доведуваат комедијата до најдлабоките филозофски теми. Често, низ призмата на иронијата и цинизмот, помешани со автобиографската невроза, Вуди Ален го пласира сопственото гледиште на одредени теми.

Пиесата го истражува моралот на млад уметник, инспириран од ничеанскиот морал, каде што волјата за создавање уметничко дело не признава компромиси и конвенционални ограничувања. Уште на почетокот, група уметници, во нивните средби и разговори за уметноста, го поставуваат клучното прашање: „Во зграда што гори, можете да спасите само едно нешто – обично човечко суштество или единствениот примерок на собраните дела на Шекспир?“.

Во краткиот опис на содржината на претставата, главниот лик е Дејвид, млад идеалистички настроен драмски писател, кој неодамна влегува во „големиот бизнис“ на создавање претстави. Тој очајно се обидува да најде театар кој ќе ја продуцира неговата најнова драма. Директорот на театарот, каде што ја поставил неговата последна драма со слаб успех кај критиката и публиката, добива неочекуван повик од локалниот мафијашки бос. Имено, мафијашот Ники сака да ја финансира претставата, но има само еден услов – неговата девојка и поранешна стриптизета, Оливија, да ја добие насловната улога. Дејвид склучува фаустовски пакт – ја продава својата душа за своето дело, со цел тоа да живее.

Режисерска белешка

Театарот е бојно поле. На една страна стои амбицијата – гладна, упорна, разголена. На другата страна стои човекот – со своите слабости, љубови, пороци и стравови. „Куршуми над Бродвеј“ не е само приказна за една претстава што се раѓа во сенка на злосторството туку и прашање: дали вреди да се жртвува човекот за уметноста, или уметноста постои токму за да го возвиши човекот?

На сцената се судруваат световите на актерите, авторите, режисерите и гангстерите – секој со своја вистина, секој со своја цена. Но зад нивните смешни и трагични судири демне едно исто прашање: Кои сме ние кога велиме „јас сум уметник“? И кој останува кога велиме „јас сум човек“?

Оваа претстава е театарски манифест. Манифест на театарот како храм и пазар, како сон и компромис, како место каде што секоја реплика е куршум – способен да погоди срце, да уништи или да спаси. Театарот не е украс. Театарот е борба со најопасното оружје – зборот што станува живот.

Ненад Витанов

Актерска екипа

Дејвид Шејн, драмски писател
Игор Стојчевски
Оливија Нил, девојка на Ник,
поранешна стриптизета
Јована Спасиќ
Чич, гангстер
Сашо Тасевски
Хелен Синклер, актерска дива
Јелена Жугиќ
Елен, девојка на Дејвид Шејн
Александра Павлова-Бубања
Џулијан Маркс, директор на
бродвејскиот театар „Мороско“
Роберт Вељановски
Ник Валенти, шеф на мафијата
Александар Степанулески
Ворнер Персел, познат актер
Предраг Павловски
Идн Брент, позната актерка
Калина Наумовска
Мич, инспициент во театарот
Златко Митрески
Шелдон Флендер, писател
Дениз Абдула
Лорна, негова девојка
Ања Митиќ
Рики, гангстер
Игор Георгиев
Мо
Мартин Мазнев (к.г.)
Бен
Енис Билаловиќ (к.г.)

Креативна и техничка екипа

Режија и адаптација: Ненад Витанов
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Елена Вангеловска
Кореограф: Маја Каревски
Лектор: Тодорка Балова
Инспициент: Гоце Бојчев
Суфлер: Жаклина Цветковска

Останати детали

Премиера: 18 октомври 2025 г.
Сцена: голема сцена
Времетраење: 145 минути
Пауза: да

Лицата зад улогите

Актери

Запознајте ги уметниците кои ја носат приказната
Игор Стојчевски

актер

Јована Спасиќ

актерка

Сашо Тасевски

актер

Јелена Жугиќ

актерка првенка

Александра Павлова-Бубања

актерка

Роберт Вељановски

актер

Александар Степанулески

актер

Предраг Павловски

актер

Калина Наумовска

актерка

Златко Митрески

актер

Дениз Абдула

актер

Ања Митиќ

актерка

Игор Георгиев

актер

Следни изведби

На репертоар

Драмски театар Скопје
пет, 20/11/2026 20:00
„Куршуми над Бродвеј“, или приказна за моралните и реалните „убиства“ зад сцената, е драматуршка обработка и адаптација на Ненад Витанов…
confirmation_number Цени од 600 ден
Драмски театар Скопје
пет, 20/11/2026 20:00

„Куршуми над Бродвеј“, или приказна за моралните и реалните „убиства“ зад сцената, е драматуршка обработка и адаптација на Ненад Витанов на познатиот филм „Куршуми над Бродвеј“, напишан од генијалниот Вуди Ален и Даглас Мекграт. Филмот беше номиниран во седум категории за наградата „Оскар“, меѓу кои и за најдобро сценарио.

Огромниот успех на филмот во киносалите беше инспиративен за создавање и неколку адаптации за театар, од кои некои дури ја надминаа популарноста на оригиналното дело. Карактеристично за делата на Вуди Ален е тоа што преку забава ја доведуваат комедијата до најдлабоките филозофски теми. Често, низ призмата на иронијата и цинизмот, помешани со автобиографската невроза, Вуди Ален го пласира сопственото гледиште на одредени теми.

Оваа пиеса го истражува моралот на еден млад уметник, инспириран од ничеанскиот морал, каде што волјата за создавање уметничко дело не признава компромиси и конвенционални ограничувања. Уште на самиот почеток, група уметници, во нивните средби и бескрајни разговори за уметноста, го поставуваат клучното прашање: „Во зграда што гори, можете да спасите само едно нешто – обично човечко суштество или единствениот примерок на собраните дела на Шекспир?“.

Во краткиот опис на содржината на претставата, главниот лик е Дејвид, млад идеалистички настроен драмски писател, кој неодамна влегува во „големиот бизнис“ на создавање претстави. Тој очајно се обидува да најде театар кој ќе ја продуцира неговата најнова драма. Директорот на театарот, каде што ја поставил неговата последна драма со слаб успех кај критиката и публиката, добива неочекуван повик од локалниот мафијашки бос. Имено, мафијашот Ники сака да ја финансира претставата, но има само еден услов – неговата девојка и поранешна стриптизета, Оливија, да ја добие насловната улога. Дејвид склучува фаустовски пакт – ја продава својата душа за своето дело, со цел тоа да живее.

Режија и адаптација:
Ненад Витанов

Костимограф:
Елена Вангеловска

Сценограф:
Валентин Светозарев

Кореограф:
Маја Каревски

Актери к.г. (како гости):
Енис Билаловиќ
Мартин Мазнев

Инспициент:
Гоце Бојчев

Суфлер:
Жаклина Цветковска

ПОВЕЌЕ ЗА ПРЕТСТАВАТА »

confirmation_number Цени од 600 ден