Игор Стојчевски

Игор Стојчевски

актер

Игор Стојчевски (21.9.1978, Скопје), актер. Дипломира актерска игра во 2002 година на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на проф. Кирил Ристоски. Асистент е по предметот сценски движења и танци на Факултетот за драмски уметности од 2004 до 2008 година. Вработен е во Драмскиот театар од 2009 година. Во актуелниот репертоар настапува во претставите: „Парови“, „Куршуми над Бродвеј“ и „Болва в уво“.

Претстојни претстави