26 — 31 октомври
Билетите се во продажба онлајн и на билетарница.

РУТА 2026

ФЕСТИВАЛ РУТА

Програма

1
Београдско драмско позориште

Црно злато

режисер: Оливер Фрљиќ
26 октомври | 20:00 часот
Драмски театар Скопје

Театар Улисис, Загреб

На чија страна

режисер: Ленка Удовички
27 октомври | 20:00 часот
Драмски театар Скопје

2
3
Местно гледалишче љубљанско

Змејот

режисер: Нела Витошевиќ
28 октомври | 20:00 часот
Драмски театар Скопје

Камерен театар 55, Сараево

Умри машки

режисер: Адмир Гламочак
29 октомври | 20:00 часот
Драмски театар Скопје

4
5
Центар за култура Тиват

Contra mundum

режисер: Вељко Миќуновиќ
30 октомври | 20:00 часот
Драмски театар Скопје

Драмски театар Скопје

Љубовта на Федра

режисер: Дино Мустафиќ
31 октомври | 20:00 часот
Драмски театар Скопје

6
повеќе претстави. еден билет.

Блок-билети

Блок-билет 1
6 претстави · 26–31 октомври

6000

ден.
  • Црно злато
  • На чија страна
  • Змејот
  • Умри машки
  • Contra mundum
  • Љубовта на Федра
Блок-билет 2
4 претстави · 27–30 октомври

5000

ден.
  • На чија страна
  • Змејот
  • Умри машки
  • Contra mundum
Блок-билет 3
4 претстави · 27, 28, 30 и 31 октомври

4000

ден.
  • На чија страна
  • Змејот
  • Contra mundum
  • Љубовта на Федра
Програма на монодрами

МоноРУТА

Милунка

Земја на волците

#неЈас

Вирџина

Џеки

Регионална унија на театри

За РУТА

Во октомври 2019 година, претставниците на шест театри од регионот потпишаа Протокол за соработка и ја формираа Регионалната унија на театри – РУТА.

Унијата ја сочинуваат: Местно гледалишче љубљанско, Љубљана – Словенија; Београдско драмско позориште, Белград – Србија; Камерни театар 55, Сараево – Босна и Херцеговина; Казалиште Улисис, Загреб – Хрватска; Центар за култура, Тиват – Црна Гора и Драмски театар, Скопје – Македонија.

„Со намера да се институционализира идејата за соработка меѓу сродните театри од регионот со цел да ги презентираат меѓусебните достигнувања преку различни форми на соработка, презентираjќи актуелни теми и идеи од областа на уметноста од регионот, како и преку заедничка работа да се имплементираат различни значења и достигнувања“, пишува во преамбулата на Протоколот.

Фестивалот РУТА е единствен по својот модел, чија основа е ревијалната програма – секој театар изведува претстава по сопствен избор. Во текот на годината, сите театри ја преземаат улогата на домаќини на нивните сцени.

РУТА Скопје традиционално се одржува последната недела во октомври.

Од 2026 година, на РУТА Скопје публиката ќе има прилика во рамките на новата програма МоноРУТА да ги погледне најинтересните монодрами од регионот, во изведба на гостувачките театри. Сите претстави од МоноРУТА се одржуваат на Академската сцена при Факултетот за драмски уметности – Скопје со почеток во 17:00 часот, а цената на билетот за нив изнесува 300 денари и може да се купи на билетарницата на Драмски театар и преку нашата веб-страница.