Дениз Абдула

Дениз Абдула

актер

Дениз Абдула (23.12.1989, Скопје), актер. Средното и нижото музичко образование го стекнува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, на отсекот за класична гитара, а свири и пијано, усна хармоника и труба. Дипломира актерска игра во 2013 година, на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на проф. Владимир Милчин и Сузана Киранџиска, со дипломската претстава „Прогонството и убиството на Жан Пол Мара“ од Петер Вајс. Ја толкува улогата на Дипре и работи на музиката за истата претстава. Вработен е во Драмски театар од 2024 година. Во актуелниот репертоар настапува во претставите: „Хеда Габлер“, „Куршуми над Бродвеј“, „Болва в уво“ и „Федра - Антропологија на една желба“.

Претстојни претстави