1. Општи одредби
Онлајн продажбата на билети преку веб-страницата ја врши Драмски театар Скопје за претстави и други настани од својата програма.
Со завршувањето на купувањето, купувачот потврдува дека се запознал и се согласува со овие услови, Политиката за испорака на електронски билети и Политиката за поврат на средства.
2. Постапка за купување
При купувањето, купувачот избира претстава, датум, термин, број на билети и достапни седишта, а потоа ги внесува потребните лични и контактни податоци.
Купувачот е одговорен за точноста на внесените податоци, особено за адресата на е-пошта на која се испраќаат потврдата и електронските билети.
Купувањето се смета за успешно завршено откако плаќањето ќе биде потврдено и купувачот ќе добие потврда за резервацијата.
3. Плаќање
Плаќањето се врши со платежни картички Visa, Mastercard, Maestro и Diners.
Податоците од платежната картичка не се чуваат во системот на Драмски театар Скопје. Тие се внесуваат и обработуваат преку овластен систем за процесирање електронски плаќања.
Доколку плаќањето не биде успешно потврдено, купувањето не се смета за завршено и билетите нема да бидат издадени.
4. Електронски билети
Секој електронски билет содржи единствен код или баркод и важи за едно лице, за претставата, датумот, терминот и седиштето наведени на билетот.
Билетот може да се прикаже на мобилен уред или во печатена форма. Исправноста на билетот се проверува на влезот пред почетокот на претставата.
Секој билет може да се искористи само еднаш. Доколку билетот е копиран или препратен на друго лице, за важечки ќе се смета примерокот што прв ќе биде евидентиран на влезот.
Купувачот е одговорен за чувањето на билетот и неговиот единствен код или баркод. Драмски театар Скопје не сноси одговорност за злоупотреба на билет што купувачот го споделил со друго лице.
5. Влез и доцнење
Посетителите треба навреме да пристигнат и да го приложат важечкиот билет при влез.
Доколку посетителот пристигне по почетокот на претставата, Драмски театар Скопје може да не дозволи влез или да дозволи влез во соодветен момент, во зависност од природата на претставата и условите во салата.
Во случај на задоцнување, не се гарантира дека посетителот ќе може да го заземе седиштето наведено на билетот. Задоцнувањето не претставува основа за поврат на средства.
6. Откажување, промена и поврат на средства
Условите во случај на откажување или промена на датумот или терминот на претставата, како и постапката за поврат на средства, се уредени со Политиката за поврат на средства.
Начинот на издавање и доставување на билетите е уреден со Политиката за испорака на електронски билети.
7. Контакт
За прашања или проблеми поврзани со онлајн купувањето билети, контактирајте нè на:
