Болва в уво

Урнебесна комедија на забуни, љубомора и двојни идентитети што експлодираат со секое отворање на вратата. „Болва в уво“ ќе ве остави без здив од смеење – брза, дрска и беспрекорно темпирана.

Автор:
Жорж Фејдо
Режисер:
Синиша Евтимов
Повеќе детали

За претставата

„Болва в уво“ е најлуда и најзабавна „театарска машина“ за хаос што ја измислил Жорж Фејдо — мајсторот на француската фарса — сега достапна на сцената на Драмски. Еден мал сомнеж, една љубовна несигурност и една болва што ќе се всели во умот, се доволни да го распламтат тркалото на недоразбирањата. Од тој момент натаму, сè се движи со брзина на светлината: погрешни врати, погрешни соби, вистински љубовници во погрешно време и погрешни луѓе на погрешни места. А секој обид да се поправи ситуацијата — ја прави уште полоша.

Оваа претстава е експлозија на енергија, страст и комика. Ќе видите ликови кои трчаат, паѓаат, се кријат, се бакнуваат, се расправаат — и сето тоа со совршено темпирање што ја носи фарсата до апсолутно лудило. „Болва в уво“ е театарска фешта од која нема да сакате да си заминете: смеа до солзи, ситуации од кои не постои излез, и неочекувани пресврти кои ќе ве фатат неподготвени. Ако ви треба вечер што ќе ве одлепи од секојдневието и ќе ви ја врати радоста на живата театарска игра — ова е претставата што не смеете да ја пропуштите.

Режисерска белешка

Во „Болва в уво“, сите зборуваат гласно, а никој никого не слуша. Не затоа што немаат слух, туку затоа што звукот што го произведуваат е поважен од смислата. Секој лик е свој мал оркестар, свири соло, без да провери дали воопшто постои партитура за заедничка музика.

Разговорите се точни, граматички исправни, логично изведени – и целосно бесмислени. Прашањата не бараат одговор, туку алиби. Репликите не се реакција, туку штит. Никој не влегува во туѓата реченица; само чека ред да ја изговори својата. Тоа е свет во кој дијалогот е само маска за монолог.

Ниските страсти се најнискиот праг на модерното општество, и тука тоа се гледа без филтер. Љубомората не е чувство, туку рефлекс. Стравот не е предупредување, туку навика. Лагата не е исклучок, туку подразбирање. Не лажеме затоа што мораме, туку затоа што повеќе не знаеме како изгледа реченица која не е заштитен механизам.

Во овој сценски универзум, никој не е виновен. И токму затоа, сите се виновни. Нема лична одговорност: секој чекор е последица на туѓ потег, секој потег е одговор на некој непостоечки напад. Ликовите живеат во константен претходен одговор – веќе се бранат од нешто што уште не се случило. Во таква атмосфера, кривица не може ни да се лоцира; таа е разлеана, како стара дамка од мувла, што никој повеќе не ја гледа, ама мириса.

Војните овде не се на фронтови, туку во глава. Мали, приватни светски војни, објавени без нотификација. Ги водиме преку нагаѓања, полуинформации, погрешни зборови, недоизговорени реченици. Креветот, вратата, хотелската соба – тоа се само топографии на недоразбирањето. Географија на паранојата.

La Belle Époque ни се насмевнува од далечина: време на вера во прогрес, во рационалност, во елегантен напредок. Тоа е можеби најголемата иронија: колку поубаво изгледа просторот, толку пониски се поривите што го населуваат.

Никој не го поставува суштинското прашање: „Што правам јас тука?“ Наместо тоа, сите прашуваат: „Што прави тој таму?“ Сите се опседнати со туѓиот прекршок, туѓото тело, туѓата намера. Сопственото јас исчезнува, се претвора во празна точка од која се испукуваат сомнежи.

Не слушаме, затоа што ако навистина слушнеме – ќе мора да реагираме. А реакцијата значи избор. Изборот значи одговорност. Полесно е да се остане во шумот: во бескрајниот, смешен, болен шум од зборови што не се за другите, туку за нашиот страв.

Оваа претстава не нè моли да сочувствуваме со ликовите. Ни предлага да се препознаеме во нивната глувост. Во паузите помеѓу две гласни реченици, кога на сцената навидум „ништо не се случува“, таму лежи сè: празнината на неслушањето.

Модерното општество овде не е огромен град, туку мала сцена. Кревет што се врти, врати што се удираат, тела што се сопнуваат едно од друго. Доволно е оваа машинерија еднаш да тргне, и повеќе никој не знае како да ја сопре. Не затоа што е премногу сложена, туку затоа што никој не прашува: „Сакаме ли навистина да запре?“

Ниските страсти се единствениот енергенс што сигурно го имаме. Високите идеи се декоративни, стојат добро во реченица, но не движат ништо. Она што движи се сомнежите, фантазиите, лажните снимки во нашата глава.

„Болва в уво“ не ни кажува што да мислиме за тоа. Само го појачува звукот. Ако некој сепак слушне нешто – тоа веќе е негов проблем.

Актерска екипа

ВИКТОР/ПОШЕ – Дениз Абдула
РЕНАТА – Ања Митиќ
МИЛЕ – Марјан Наумов
РИСТЕ – Лазар Христов
ДР. ФИЛЕВ – Игор Стојчевски
ДОНИ КАРЛОС ХОМЕНИДЕС – Стефан Вујисиќ
ЛУСИ – Нина Елзесер
БЕГБИ – Владимир Петровиќ
ФИЛИП – Рубенс Муратовски
ОЛИ – Катерина Шехтанска-Лаковски
АНГЕЛ – Томислав Давидовски
АНЕТА – Јована Спасиќ
БАТЕ – Петар Стојковиќ
ЕВГЕНИЈА – Ивана Павлаковиќ

Креативна и техничка екипа

Режија и адаптација: Синиша Евтимов
Сценограф: Мартин Манев
Костимограф: Раде Василев
Инспициент: Жарко Намичев
Суфлер: Милка Анчевска

Останати детали

Премиера: 17 декември 2025 г.
Сцена: голема сцена
Времетраење: 125 минути
Пауза: не

Лицата зад улогите

Актери

Запознајте ги уметниците кои ја носат приказната
Дениз Абдула

актер

Ања Митиќ

актерка

Марјан Наумов

актер

Лазар Христов

актер

Игор Стојчевски

актер

Стефан Вујисиќ

актер

Нина Елзесер

актерка

Владимир Петровиќ

актер

Рубенс Муратовски

актер

Катерина Шехтанска-Лаковски

актерка

Томислав Давидовски

актер

Јована Спасиќ

актерка

Петар Стојковиќ

актер (к.г.)

Ивана Павлаковиќ

актерка

Следни изведби

На репертоар

Драмски театар Скопје
пет, 06/11/2026 20:00
„Болва в уво“ е најлуда и најзабавна „театарска машина“ за хаос што ја измислил Жорж Фејдо — мајсторот на француската…
confirmation_number Цени од 600 ден
Драмски театар Скопје
саб, 14/11/2026 20:00
„Болва в уво“ е најлуда и најзабавна „театарска машина“ за хаос што ја измислил Жорж Фејдо — мајсторот на француската…
confirmation_number Цени од 600 ден
Драмски театар Скопје
пет, 27/11/2026 20:00
„Болва в уво“ е најлуда и најзабавна „театарска машина“ за хаос што ја измислил Жорж Фејдо — мајсторот на француската…
confirmation_number Цени од 600 ден
Драмски театар Скопје
пет, 06/11/2026 20:00

„Болва в уво“ е најлуда и најзабавна „театарска машина“ за хаос што ја измислил Жорж Фејдо — мајсторот на француската фарса — во режија и адаптација на хит-мејкерот Синиша Евтимов. Еден мал сомнеж, една љубовна несигурност и една болва што ќе се всели во умот, се доволни да го распламтат тркалото на недоразбирањата. Од тој момент натаму, сè се движи со брзина на светлината: погрешни врати, погрешни соби, вистински љубовници во погрешно време и погрешни луѓе на погрешни места. А секој обид да се поправи ситуацијата — ја прави уште полоша.

Оваа претстава е експлозија на енергија, страст и комика. Ќе видите ликови кои трчаат, паѓаат, се кријат, се бакнуваат, се расправаат — и сето тоа со совршено темпирање што ја носи фарсата до апсолутно лудило. „Болва в уво“ е театарска фешта од која нема да сакате да си заминете: смеа до солзи, ситуации од кои не постои излез, и неочекувани пресврти кои ќе ве фатат неподготвени. Ако ви треба вечер што ќе ве одлепи од секојдневието и ќе ви ја врати радоста на живата театарска игра — ова е претставата што не смеете да ја пропуштите. Во Драмски, душата на градот!

Режија и адаптација:
Синиша Евтимов

Сценограф:
Мартин Манев

Костимограф:
Раде Василев

Инспициент:
Жарко Намичев

Суфлер:
Милка Анчевска

ПОВЕЌЕ ЗА ПРЕТСТАВАТА »