Петар Стојковиќ

Петар Стојковиќ

актер (к.г.)

Петар Стојковиќ е актер к.г. (како гостин) во Драмски театар, каде што настапува во претставата „Болва во уво“ по текстот на Жорж Фејдо, во адаптација и режија на Синиша Евтимов. Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности - Скопје во 2009 година. Во 2011 и во 2012 година играл во Театарот за деца и младинци - Скопје во претставите „Алиса во земјата на чудата“, „Бескрајни соништа“ и во мјузиклот „Волшебникот од Оз“. Имал настапи и во други театарски проекти, меѓу кои во перформансот „Живот за еден сон“ по повод 50-годишнината на Факултетот за драмски уметности - Скопје што се реализираше на сцената на Македонскиот народен театар во 2019 година. Во својата актерска кариера бележи и неколку телевизиски проекти и радиодрами. Активно работи во областа на комуникациите за неколку субјекти.

Претстојни претстави