Кафез кај кокони

Сен Тропе, 70-тите години, „Кафез кај кокони“. Брза и игрива комедија на ситуации, забуни и ексцентрични ликови што веднаш освојува.

Автор:
Жан Пуаре
Режисер:
Димче Николовски
Повеќе детали

За претставата

Француската фарса „Кафез кај кокони“ („La cage aux folles“) ја има својата праизведба во февруари 1973 година во Париз. Мајсторски конструирана од познатиот актер и комичар Жан Пуаре како комедија на ситуации, забуни и карактери, ја освојува публиката на прв поглед и доживува над 2000 репризи.

Игрив и забавен, но и храбро проткаен со сериозни теми дотогаш неприкажани на толку експлицитен и дрзок начин, текстот со хумор и леснотија задира во многу комплицирани теми: потребата за општествено прифаќање, сексуална слобода, избор во љубовта и потребата да се задржи личниот интегритет.

Сместена во Сен Тропе, во веселите 70-ти, претставата „Кафез кај кокони“ покажува дека педесет години потоа, овие прашања се сѐ уште отворени и провоцираат дијалог низ истата структура на хумор, игривост и дрскост.

Александра Бошковска

Актерска екипа

ЖОРЖ – Филип Трајковиќ
АЛБЕН – Александар Степанулески
ЖАКОБ – Стефан Вујисиќ
ТАБАРО – Предраг Павловски
МЕРЦЕДЕС – Димитрија Доксевски
ЗОРБА – Маја Вељковиќ-Пановска
ЛОРАН – Лазар Христов
КАМИЈ – Соња Стамболџиоска
ЕДУАР – Златко Митрески
МЈУРИЕЛ – Нела Павловска
СИМОН – Емилија Мицевска/Трајанка Илиева-Вељиќ
САЛОМЕ – Бранко Атанасов

Креативна и техничка екипа

Автор: Жан Пуаре
Режисер: Димче Николовски
Костимографи: Раде Василев и Елена Вангеловска
Сценографи: Димче Николовски, Благоја Бошковски-Буцко
Кореограф: Кренаре Невзати-Кери
Превод: Радмила Јорданова, Благоја Бошковски-Буцко
Адаптација: Александра Бошковска, Благоја Бошковски-Буцко
Избор на музика: Александра Бошковска, Благоја Бошковски-Буцко
Изработка на декор: Ѓорѓи Ѓорѓиевски и Илија Николовски
Изработка на неонски ЛЕД-знак: Тесла ЛЕД
Инспициент: Гоце Бојчев
Суфлер: Жаклина Цветковска

Останати детали

Премиера: 13 мај 2023 г.
Сцена: голема сцена
Времетраење: 150 минути
Пауза: да

Претставата не се препорачува за лица под 18 години.

Лицата зад улогите

Актери

Запознајте ги уметниците кои ја носат приказната
Филип Трајковиќ

актер

Александар Степанулески

актер

Стефан Вујисиќ

актер

Предраг Павловски

актер

Димитрија Доксевски

актер

Маја Вељковиќ-Пановска

актерка

Лазар Христов

актер

Соња Стамболџиоска

актерка

Златко Митрески

актер

Нела Павловска

актерка к.г.

Емилија Мицевска

актерка

Бранко Атанасов

актер к.г.

Трајанка Илиева-Вељиќ

актерка

Следни изведби

На репертоар

Драмски театар Скопје
сре, 25/11/2026 20:00
Француската фарса „Кафез кај кокони“ ја има својата праизведба во февруари 1973 година во Париз. Мајсторски конструирана од познатиот актер…
confirmation_number Цени од 400 ден
Драмски театар Скопје
сре, 25/11/2026 20:00

Француската фарса „Кафез кај кокони“ ја има својата праизведба во февруари 1973 година во Париз. Мајсторски конструирана од познатиот актер и комичар Жан Пуаре како комедија на ситуации, забуни и карактери, ја освојува публиката на прв поглед и доживува над 2000 репризи. Игрив и забавен, но и храбро проткаен со сериозни теми дотогаш неприкажани на толку експлицитен и дрзок начин, текстот со хумор и леснотија задира во многу комплицирани теми: потребата за општествено прифаќање, сексуална слобода, избор во љубовта и потребата да се задржи личниот интегритет. Сместена во Сен Тропе, во веселите 70-ти, претставата „Кафез кај кокони“ покажува дека педесет години потоа, овие прашања се сѐ уште отворени и провоцираат дијалог низ истата структура на хумор, игривост и дрскост.

Автор:
Жан Пуаре

Режисер:
Димче Николовски

Костимографи:
Раде Василев
Елена Вангеловска

Сценографи:
Димче Николовски
Благоја Бошковски-Буцко

Кореограф:
Кренаре Невзати-Кери

Превод:
Радмила Јорданова
Благоја Бошковски-Буцко

Адаптација:
Александра Бошковска
Благоја Бошковски-Буцко

Избор на музика:
Александра Бошковска
Благоја Бошковски-Буцко

Изработка на декор:
Ѓорѓи Ѓорѓиевски
Илија Николовски

Изработка на неонски ЛЕД-знак:
Тесла ЛЕД

Инспициент:
Гоце Бојчев

Суфлер:
Жаклина Цветковска

ПОВЕЌЕ ЗА ПРЕТСТАВАТА »

confirmation_number Цени од 400 ден