Димитрија Доксевски

Димитрија Доксевски

актер

Димитрија Доксевски (28.7.1983, Скопје), актер. Дипломира актерска игра во 2006 година на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на проф. Кирил Ристоски, со претставата „Ништо без Трифолио“. На истиот факултет магистрира театарска режија во 2014 година. Во 2011 година станува член на Народниот театар во Куманово, а во 2015 година, преминува во Драмскиот театар. Од 2025 година е директор на ИФФК „Браќа Манаки“. Во актуелниот репертоар настапува во претставите: „Кафез кај кокони“, „Парови“ и „Ифигенија за ништо“.

Претстојни претстави