Вукашин Јовановиќ
актер к.г.
Вукашин Јовановиќ е актер к.г. (како гостин) во Драмскиот театар и член на ансамблот на Београдско драмско позориште (БДП). Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Белград, во класата на проф. Марија Миленковиќ, каде што во моментов посетува и магистерски студии. Во актуелниот репертоар на Драмскиот театар настапува во копродукцијата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“. Активен е и на филм и телевизија, со избор од наслови: „Hellraiser“ (2022), „The Only Way Out/Једини излаз“ (2021), сериите „Dream Team“ (2021–2024), „Nemirni“ (2023) и „The Librarians: The Next Chapter“ (2025).
Претстојни претстави
Нема претстојни претстави.
