Марија Талеска

Марија Талеска

актерка (к.г.)

Марија Талеска е родена во Крушево во 1998 година. Во 2025 година дипломирала актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на проф. Сузана Киранџиска и проф. Кристина Леловац. Театарското искуство го градела низ претстави и перформанси во институционални и независни продукции, меѓу кои: „Парадоксот на Диоген“ во кореографија и режија на Бобан Русески и Јована Зајкова, „Архангелот над Скопје“ во режија на Наташа Поплавска во Македонскиот народен театар, „Градот како сцена – изгубени модернистички утопии“ во продукција на АКТО и Филип Јовановски, изведена на МОТ, како и „Gaia“ на италијанската театарска компанија ErosAntEros. Настапувала и во: „Ученикот“ во режија на Кире Петрески, „Печалбари“, „Љубавна приказна“ и „Ричард III“ во режија на Љубиша Ристиќ во продукција на КПГТ, како и во „Повик“ во режија на Јован Ристовски. Покрај театарот, работи и на филм, а се појавува во филмовите: „М“ во режија на Вардан Тозија, „Кајмак“ на Милчо Манчевски и „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар-Митевска. Во 2023 година се појавува и во музичкиот спот „Changes“ на Marr, во режија на Ана Андонова.

Претстојни претстави