Ангела Пејковска
актерка к.г.
Ангела Пејковска е родена во 2001 година во Скопје. Дипломирала актерска игра на Факултетот за драмски уметности – Скопје во 2026 година, во класата на ред. проф. Зоја Бузалковска и вон. проф. Александар Степанулески. Актерското искуство го гради преку независни и институционални театарски продукции, перформанси, како и работа на филм и телевизија. Настапувала во „Геа“ (Gaia) на италијанската театарска компанија ЕросАнтЕрос (ErosAntEros), изведена на МОТ, „Чудо“ во режија на Хана Миленковска, „Печалбари“ во режија на Љубиша Ристиќ и „Слуги“ во режија на Вања Воденичаревиќ, во продукција на КПГТ, како и во „Невиност“, дипломска претстава во режија на Зоја Бузалковска, изведена во Албански театар – Скопје. Има искуство и пред камера, меѓу другото во краткометражниот филм „Аналогни души“, во продукција на Алфа ТВ.
Претстојни претстави
Нема претстојни претстави.
