Ова е само крајот
на светот
Еден ден. Едно семејство. Сите имаат што да кажат. Но не се подготвени да се слушнат. Ќе ве држи приковани за седиштата до последниот миг.
Повеќе детали
За претставата
Семејна средба што трае еден ден – и остава траги за цел живот. По дванаесет години, Луис се враќа дома. Доаѓа со причина што не се кажува лесно, а можеби ни не може да се каже. Околу него – мајката, братот, сестрата и снаата – сите подготвени за разговор, но секој заробен во сопствениот начин на љубов, грижа и одбрана. Зборовите се судираат, молчењата стануваат погласни од викотници, а времето постојано лизга напред и не чека никого. Во оваа прецизно напишана и динамична драмска партитура, секојдневните разговори се претвораат во сцени на блискост, недоразбирање и нежност. Се смееме таму каде што е непријатно, препознаваме ситуации што сите сме ги живееле и чувствуваме колку е тешко – и неопходно – да се биде искрен со оние што ни се најблиски.
„Ова е само крајот на светот“, според истоимената драма од авторот Жан-Лик Лагарс, во Драмскиот театар во адаптација и режија на Теа Беговска, е претстава за семејството како најинтензивен простор на љубов и судир, за моментите кога сакаме да кажеме сè, а изговараме премалку, и за оние средби што изгледаат обично – додека не сфатиме дека ништо повеќе нема да биде исто.
Актерска екипа
Луис – Стефан Вујисиќ
Мартина – Биљана Драгиќевиќ-Пројковска
Антонио – Александар Степанулески
Сузана – Сара Климоска
Катарина – Ања Митиќ
Креативна и техничка екипа
Превод и адаптација: Теа Беговска
Режисер: Теа Беговска
Сценограф и костимограф: Надја Василева-Ковачовска
Музика: Енес Беговски
Оператор на камера: Велимир Стојановски
Видеооператор: Матеј Трајковски
Технички координатор: Михаил Узунов
Дизајн на плакатот: Иван Ивановиќ
Фотограф: Соња Ставрова-Кирковски
Инспициент: Гоце Бојчев
Суфлер: Жаклина Цветковска
Останати детали
Премиера: 7 март 2026 г.
Сцена: голема сцена
Времетраење: 90 минути
Пауза: не
Следни изведби
На репертоар
Нема претстојни претстави.
Семејна средба што трае еден ден – и остава траги за цел живот. По дванаесет години, Луис се враќа дома. Доаѓа со причина што не се кажува лесно, а можеби ни не може да се каже. Околу него – мајката, братот, сестрата и снаата – сите подготвени за разговор, но секој заробен во сопствениот начин на љубов, грижа и одбрана. Зборовите се судираат, молчењата стануваат погласни од викотници, а времето постојано лизга напред и не чека никого.
Во оваа прецизно напишана и динамична драмска партитура, секојдневните разговори се претвораат во сцени на блискост, недоразбирање и нежност. Се смееме таму каде што е непријатно, препознаваме ситуации што сите сме ги живееле и чувствуваме колку е тешко – и неопходно – да се биде искрен со оние што ни се најблиски.
„Ова е само крајот на светот“, според истоимената драма од авторот Жан-Лик Лагарс, е претстава за семејството како најинтензивен простор на љубов и судир, за моментите кога сакаме да кажеме сè, а изговараме премалку, и за оние средби што изгледаат обично – додека не сфатиме дека ништо повеќе нема да биде исто.
Превод и адаптација:
Теа Беговска
Режисер:
Теа Беговска
Сценограф и костимограф:
Надја Василева-Ковачовска
Музика:
Енес Беговски
Оператор на камера:
Велимир Стојановски
Видеооператор:
Матеј Трајковски
Технички координатор:
Михаил Узунов
Дизајн на плакатот:
Иван Ивановиќ
Фотограф:
Соња Ставрова-Кирковски
Инспициент:
Гоце Бојчев
Суфлер:
Жаклина Цветковска





