Гидионовиот јазол
Две жени. Една училница. Море од неизговорена болка. „Гидионовиот јазол“ е повеќе од претстава – тоа е искуство што го носиш долго во себе.
Повеќе детали
За претставата
Режисерска белешка
Гидионовиот јазол е моќна и вознемирувачка приказна за вината, одговорноста, тагата и сложениот однос во комуникацијата, како и состојбите во образовниот систем, проблемите со кои се соочува детето низ периодот на детството. На училишна средба меѓу мајката Корин и наставничката Хедер, кој се случува по еден трагичен настан, преку деликатен, емотивно исполнет/напнат дијалог, се отвораат прашањата за детската креативност, слободата на изразување, за уметноста, за одговорноста на наставниците и за родителите, за социјалните мрежи, за врсничкото насилство, за осаменоста, преку кои постепено се разоткрива длабоката болка и се бара, па и се посочува можниот виновник.
Џона Адамс е претставничка на новата генерација американски драмски автори. Дипломира на Универзитетот „ДеПаул“ (DePaul University) во Чикаго, магистрира на Факултетот „Хунтер“ (Hunter College) во Њујорк. Авторка е на 20 драмски текстови во кои драмската структура ја гради преку исклучително јаки и богато нијансирани карактери и ги поставува во сложени меѓусебни психолошки ситуации. Тематски обработува општествено актуелни прашања. Нејзини најпознати дела се: „Гидионовиот јазол“ (Gidions Knot) со повеќе од 40 премиерни изведби низ целиот свет, како и „Светски градители“ (World Buillders), „Без милост“ (Sans Merci), „Ангел јадач“, трилогија (The Angel Eaters Trilogy). Друштвото на американските театарски критичари ѝ ја доделува наградата „Стинберг“ (Steinberg Award) за делото „Гидионовиот јазол“.
Актерска екипа
КОРИН ФЕЛ – Биљана Драгиќевиќ-Пројковска
ХЕДЕР КЛАРК – Ања Митиќ
Деца од Студио за актерска игра „Прва проба“: Саша Димитриевска, Леа Стојков, Мина Ѓаку, Ина Прокоповска, Катја Бешлиева, Бистра Стефановска, Јана Нешевска, Матеј Марковски, Јоанис Далајоргос
Креативна и техничка екипа
Автор: Џона Адамс
Режисер: Драгана Милошевски-Попова
Превод од англиски: Викторија Рангелова-Петровска
Драматург: Викторија Рангелова-Петровска
Инспициент: Гоце Бојчев
Суфлер: Жаклина Цветковска
Останати детали
Премиера: 9 мај 2025 г.
Сцена: мала сцена
Времетраење: 95 минути
Пауза: не
Следни изведби
На репертоар
„Гидионовиот јазол“ е моќна и вознемирувачка приказна за вината, одговорноста, тагата и сложениот однос во комуникацијата, како и состојбите во образовниот систем, проблемите со кои се соочува детето низ периодот на детството. На училишна средба меѓу мајката Корин и наставничката Хедер, кој се случува по еден трагичен настан, преку деликатен, емотивно исполнет/напнат дијалог, се отвораат прашањата за детската креативност, слободата на изразување, за уметноста, за одговорноста на наставниците и за родителите, за социјалните мрежи, за врсничкото насилство, за осаменоста, преку кои постепено се разоткрива длабоката болка и се бара, па и се посочува можниот виновник.
Џона Адамс е претставничка на новата генерација американски драмски автори. Дипломира на Универзитетот „ДеПаул“ (DePaul University) во Чикаго, магистрира на Факултетот „Хунтер“ (Hunter College) во Њујорк. Авторка е на 20 драмски текстови во кои драмската структура ја гради преку исклучително јаки и богато нијансирани карактери и ги поставува во сложени меѓусебни психолошки ситуации. Тематски обработува општествено актуелни прашања. Нејзини најпознати дела се: „Гидионовиот јазол“ (Gidions Knot) со повеќе од 40 премиерни изведби низ целиот свет, како и „Светски градители“ (World Buillders), „Без милост“ (Sans Merci), „Ангел јадач“, трилогија (The Angel Eaters Trilogy). Друштвото на американските театарски критичари ѝ ја доделува наградата „Стинберг“ (Steinberg Award) за делото „Гидионовиот јазол“.
Автор:
Џона Адамс
Режисер:
Драгана Милошевски-Попова
Драматург:
Викторија Рангелова-Петровска
Инспициент:
Гоце Бојчев
Суфлер:
Жаклина Цветковска


