Чудесна терапија

Двајца на терапија, една врска на испит. „Чудесна терапија“ со хумор и искреност покажува како зборот лечи, а тишината повредува.

Автор:
Даниел Глатауер
Режисер:
Димче Николовски
Повеќе детали

За претставата

Кон „Чудесна терапија“

Големината на една интимна врска меѓу двајца, се мери преку одговорот на прашањето: Дали успева да постои и надвор од љубовта?

Животот е генератор на пречки кои ја носат врската во неочекувани насоки и проблеми. Начинот на кој се справуваме со нив, може да ја зацврсне, а може и потполно да ја уништи. Во ваквите моменти, комуникацијата е единственото ненасилно и ефикасно оружје што го поседуваме.

Комуникацијата е универзална способност на секој човек. Но, дали знаеме вистински да комуницираме? Се чини едноставно, но во врска, сакале или не, сѐ станува комплицирано. Понекогаш и до бескрај. Разговорот знае да прерасне во кавга, кавгата во конфликт, а конфликтот во војна. А проблемот, наместо да биде решен, да роди нов, поголем проблем.

Зошто е важно да разговараме? Како да разговараме за вистински да ни помогне?

Оваа претстава се занимава со потребата од чиста и искрена комуникација како предуслов за една среќна врска. При тоа, безусловно е свесна дека во комуникациската еволуција, човештвото има уште многу етапи што треба да ги совлада.

Александра Бошковска

Актерска екипа

ТЕРАПЕВТОТ – Соња Стамболџиоска
ЈОАНА – Маја Вељковиќ-Пановска
ВАЛЕНТИН – Предраг Павловски

Креативна и техничка екипа

Автор: Даниел Глатауер
Режисер: Димче Николовски
Драматург: Александра Бошковска
Костимограф: Раде Василев
Превод од германски јазик: Дориана Кокиноска-Ристевска
Инспициент: Жарко Намичев
Суфлер: Даница Илиева
Мајстор на тон: Чедомир Младеновски, Саше Ѓорѓиев
Мајстор на светло: Дејан Блажевски

Останати детали

Премиера: 31 мај 2019 г.
Сцена: мала сцена
Времетраење: 75 минути
Пауза: не

Лицата зад улогите

Актери

Запознајте ги уметниците кои ја носат приказната
Предраг Павловски

актер

Соња Стамболџиоска

актерка

Маја Вељковиќ-Пановска

актерка

Фото галерија
Следни изведби

На репертоар

Драмски театар Скопје
сре, 11/11/2026 20:00
Големината на една интимна врска меѓу двајца, се мери преку одговорот на прашањето: Дали успева да постои и надвор од…
confirmation_number 600 ден
Драмски театар Скопје
сре, 11/11/2026 20:00

Големината на една интимна врска меѓу двајца, се мери преку одговорот на прашањето: Дали успева да постои и надвор од љубовта?

Животот е генератор на пречки кои ја носат врската во неочекувани насоки и проблеми. Начинот на кој се справуваме со нив, може да ја зацврсне, а може и потполно да ја уништи. Во ваквите моменти, комуникацијата е единственото ненасилно и ефикасно оружје што го поседуваме.

Комуникацијата е универзална способност на секој човек. Но, дали знаеме вистински да комуницираме? Се чини едноставно, но во врска, сакале или не, сѐ станува комплицирано. Понекогаш и до бескрај. Разговорот знае да прерасне во кавга, кавгата во конфликт, а конфликтот во војна. А проблемот, наместо да биде решен, да роди нов, поголем проблем.

Зошто е важно да разговараме? Како да разговараме за вистински да ни помогне?

Оваа претстава се занимава со потребата од чиста и искрена комуникација како предуслов за една среќна врска. При тоа, безусловно е свесна дека во комуникациската еволуција, човештвото има уште многу етапи што треба да ги совлада.

Автор:
Даниел Глатауер

Режисер:
Димче Николовски

Драматург:
Александра Бошковска

Костимограф:
Раде Василев

Превод од германски јазик:
Дориана Кокиноска-Ристевска

Инспициент:
Жарко Намичев

Суфлер:
Даница Илиева

Мајстор на тон:
Чедомир Младеновски

Мајстор на светло:
Дејан Блажевски

ПОВЕЌЕ ЗА ПРЕТСТАВАТА »

confirmation_number 600 ден