Зоран Љутков
актер
Зоран Љутков (1.10.1977, Велес), актер. Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности, Скопје во 2001 година. Запишува постдипломски студии за сценски дизајн на Универзитетот во Белград, Р. Србија (2002). Вработен е во Драмски театар Скопје од 2006 година, каде покрај актерскиот ангажман ја извршува и функцијата уметнички раководител (2010-2014). Во актуелниот репертоар настапува во претставите: „Странци“ и „Хеда Габлер“.
