Јована Миладинова
актерка к.г.
Јована Миладинова е актерка к.г. (како гостин) во Драмскиот театар. Во актуелниот репертоар настапува во „Ифигенија за ништо“ и „Фамилијата Адамс“. Студира на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА – Скопје, а за улогата на Изабела де Валоа во „Едвард Втори“ (реж. Андреј Жолдак, продукција на театар „Џинот“ – Велес) ја доби наградата за најдобра млада актерка на фестивалот МЕСС (Сараево, 2024), како и награда за најдобра женска улога на Фестивалот на актерот во Никшиќ (2024), додека на МТФ „Војдан Чернодрински“ (Прилеп, 2024) ѝ беше доделена награда за млада актерка. Активна е и на филм/ТВ, со појавување во „Утре наутро“ (2025).
Претстојни претстави
Нема претстојни претстави.
