Драми на принцезите

„Драми на принцезите“ им го враќа гласот на жените и ги превртува патријархалните приказни во феминистички театарски манифест.

Автор:
Елфриде Јелинек
Режисер:
Жива Бизовичар
Повеќе детали

За претставата

Циклусот постдрамски текстови Драми на принцезите со поднаслов Смртта и девојката, нобеловката Елфриде Јелинек го пишува на преминот на векот и го завршува во 2002 година, како феминистичко дополнување на бајките на Браќата Грим. Во циклусот, Снежана и Трнорушка веќе не се беспомошни девојки препуштени на милост и немилост на мажите, туку жени кои сакаат да ја избегнат смртта иако знаат дека обидот е осуден на пропаст. Смртта им е веќе запишана со нивните иницијали, тие можат само да ѝ се предадат и да се спасат од непотребниот напор за бегство – единственото нешто што можат да направат со смртта е да ѝ се доверат, да разговараат со неа за својата приказна. За разлика од нив, Џеки (Оназис) е смрт сама за себе. Ракот ја глода, а таа, претворена во статуа, на публиката ѝ ја раскажува својата „вистинска“ приказна: била принудена да стане совршена жен(ск)а, префинета слика, темнина во која не може да проникне ниту светлината на Мерилин Монро, која ја прогонува. Во Ѕидот, последниот дел од циклусот, Ингеборг Бахман и Силвија Плат, две големи писателки кои ги засенија своите мажи кои исто така беа писатели, се обидуваат да го пресоздадат светот. Туркаат низ ѕидот, но не можат да го скршат или да го исчистат за да видат што има зад него. Мора да најдат друг начин.

Актерска екипа

СНЕЖАНА – Јелена Жугиќ
ЛОВЕЦОТ – Нина Елзесер
ТРНОРУШКА – Биљана Драгиќевиќ-Пројковска
ПРИНЦОТ – Сара Климоска
ЏЕКИ – Трајанка Илиева-Вељиќ
СИЛВИЈА – Ивана Павлаковиќ
ИНГЕБОРГ – Јасмина Василева

Креативна и техничка екипа

Режисер: Жива Бизовичар
Превод од германски јазик: Катерина Шекутковска
Прв драматург: Ник Жнидаршиќ
Втор драматург и редакција на превод: Викторија Рангелова-Петровска
Сценограф и автор на музика: Јан Крмељ
Костимограф: Александар Ношпал
Дизајн на светло: Жива Бизовичар, Јан Крмељ и Ник Жнидаршиќ
Сликар-изведувач: Ѓорѓи Ѓорѓиевски
Музичко-вокален консултант: Ива Дамјановска
Фотограф: Стефан Стамандов
Инспициент: Жарко Намичев
Суфлер: Милка Анчевска

Останати детали

Премиера: 15 ноември 2024 г.
Сцена: голема сцена
Времетраење: 150 минути
Пауза: да

Лицата зад улогите

Актери

Запознајте ги уметниците кои ја носат приказната
Јелена Жугиќ

актерка првенка

Нина Елзесер

актерка

Биљана Драгиќевиќ-Пројковска

актерка

Сара Климоска

актерка

Трајанка Илиева-Вељиќ

актерка

Ивана Павлаковиќ

актерка

Јасмина Василева

актерка

Следни изведби

На репертоар

Нема претстојни претстави.

Во моментов нема планирани настани. Ве молиме обидете се повторно подоцна.
Во моментов нема планирани настани. Ве молиме обидете се повторно подоцна.