Дејан Лилиќ
актер првенец
Дејан Лилиќ (26.10.1974, Скопје), актер. Дипломира актерска игра во 1997 година на Факултетот за драмски уметности, Скопје во класата на Владимир Милчин. Вработен во Драмски театар Скопје од 1998 година. Во периодот 2007–2010 година е уметнички директор на Драмски театар Скопје, а од 2010 до 2015 година генерален директор на Македонскиот народен театар. Во периодот 2004–2010 година е генерален директор и на продукцијата „Елефант“. Во 2019–2020 година завршува постдипломски студии по право на интелектуална сопственост на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во актуелниот репертоар настапува во претставата „Федра - Антропологија на една желба“.
